„Исламска држава“ сé уште може да организира напади во Германија

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Шефот на германската национална разузнавачка агенција предупреди да не се потценува заканата од „Исламска држава“ и покрај очигледниот пораз на групата во Сирија и северен Ирак, пренесе германскиот медиум Дојче Веле.

Во интервју за германскиот весник „Велт ем Зонтаг“, Томас Халденванг, шеф на Федералната служба за заштита на Уставот (BfV) – германската национална разузнавачка агенција – предупреди за растечка закана од враќањето на џихадисти од „Исламска држава“ од Сирија и северен Ирак.

Халденванг изјави дека бројот на радикалните исламисти во Германија пораснал до 2.240 во 2018 година.

„Не можам да кажам дека се е завршено со „Исламска држава“, рече Халденванг.

„Тие можат да започнат напад во Германија во секое време“, додаде тој.
Претседателот на BfV рече дека „Исламска држава“ се уште постои со акцент на „виртуелниот сајбер-калифат“, кој се уште може да привлече соработници за напади. Халденванг, сепак, призна дека не е можно властите да ги набљудуваат сите осомничени за тероризам.

„Ќе ни се потребни барем четири лица, за да следиме еден таков. Ние се фокусираме само на оние кои би можеле да бидат исклучително опасни“, посочува тој.

Шефот на BfV повика за правна промена за следење на децата на оние кои се враќаат во ЕУ.

„Ако ни е дозволено да ги собереме нивните податоци, можеме да дадеме информации пример на службата за социјална помош“, рече Хелденванг, додавајќи дека овие деца се сами по себе жртви.

Претседателот на BfV рече дека некои од овие деца биле сведоци на насилството на „Исламска држава“ и дека тие се поклонуваат на своите татковци како херои.

„Се прашуваме: Дали е ова новата генерација терористи?“, рече Халденванг.
Германскиот федерален службеник исто го заштити предлогот за мониторинг на платформите за пораки: „Можеме да следиме телефони за површински знаци, иако терористите знаат како да комуницираат меѓу себе без да бидат забележани“.

Халденванг исто така, истакна дека Германија треба да „посвети поголемо внимание на крајно десниот екстремизам“. Тој рече дека агенцијата забележала дека крајно десничарските групи стануваат „се повеќе меѓусебно поврзани“ и дека границите меѓу овие групи и обични „незадоволни граѓани“ се повеќе се нејасни.