Тотален колапс во односите помеѓу Бејл и Зидан

од Vlatko K
89 прегледи

Односот помеѓу најскапата аквизиција на Реал Мадрид, Герет Бејл и тренерот на Зинедин Зидан, е
многу влошен. Нов момент на напнатост меѓу нив дојде на синоќешниот меч со Леганес.


Велшкиот репрезентативец беше повикан да се загрее на почетокот на вториот дел за да влезе
како резерва. Тој го стори тоа, но тој не беше повикан повеќе од 30 минути да дојде на аут-линијата
за замена, а тоа се случи едвај во 80. минута.

Во тој момент, Бејл се упати да влезе во игра, видливо нервозен, и според шпанските медиуми, тој
не обрнувал внимание на инструкциите на Зизу, и не спровел ниту една од нив во краткото време
на теренот, незадоволен од ставот.

Додека Велшанецот половина час се загреваше, за да влезе за неколку минути, многу помалку
време тоа го правеше Лукас Васкез, кој се појави четири минути порано во играта. После овој
случај, најскапиот фудбалер на Реал е убеден дека дефинитивно нема иднина на „Сантијаго
Бернабеу“ и дефинитивно ќе замине во текот на летото.