Samsung Galaxy S10 5G ќе ја направи својата европска премиера подоцна оваа година, но веќе
генерално знаеме какви стапки на пренос на податоци можеме да очекуваме од него, кога ќе се
најде во нашите раце.

За параметрите за брзина, ние дознаваме од еден корејски мобилен оператор кој ги сподели
вредностите што ги постигнал користејќи го уредот во својата 5G мрежа. Резултатите се навистина
импресивни!
Samsung Galaxy S10 5G може да достигне 4Gbps. Што значи да стигнувањето до таква бројка?
На пример, филмот од 1080p понуден во iTunes или Google Play Movies е обично помеѓу 2 и 4,5
гигабајти големина. Па, со наведената брзина од 4Gbps, таков филм може да се симне за помалку
од 10 секунди.

Таквите брзини денес се толку ретки, дури и за квалитетни кабелски приклучоци, а за мобилна
брзина да не зборуваме.
Ако можете да преземете филмови со сличен квалитет помеѓу 6 и 10 секунди, размислете за
брзината за општа употреба на паметниот телефон – проверка на пошта, Facebook и Twitter и така
натаму.
За да се достигнат такви брзини, SK Telecom го користел „Triple Aggregation“ системот, која ги
комбинира пропусниот опсег од 5G, LTE и Wi-Fi во преносот на податоци. „Triple Aggregation“ ќе биде
достапен подоцна оваа година за потрошувачите кои инвестираат во новиот мобилен телефон на
Samsung.
Се разбира, ситуацијата на македонскиот пазар е различна и немаме конкретни информации за тоа
како (и кога) локалните оператори ќе преминат кон новата 5G технологија.