Раководството на Реал Бетис официјално објави дека ја активиралооткупната клаузула на
фудбалерот Џовани Ло Селсо.

На почетокот на сезоната Аргентинецот пристигна во тимот од ПСЖ на изнајмување со опција за
купување. Тој не само што брзо се прилагоди на Ла Лига, но и стана голгетерот на „вердибланкос“
со 15 гола во 40 натпревари во сите натпреварувања.
На овој начин Ло Селсо потпиша нов договор со Бетис, според кој ќе остане нивен играч до јуни
2023 година.
Износот што екипата ќе го плати за него е 22 милиони евра за 80% од неговите права.
We love magic! 🎩🌟💚 pic.twitter.com/SqNs2ehERY
— Real Betis Balompié (@RealBetis_en) April 16, 2019