Браќа и сестри, со желба за една единствена и вечна Република Македонија, мисла за светла иднина на идните генерации, ве повикувам во битката која претстои на 21 април на претседателските избори, да означиме почеток на крајот на злото Зоран Заев, порачува затвореникот Игор Југ.
„Ве повикувам да дадеме поддршка на борецот за право и правдина проф. Гордана Силјановска Давкова. Татковината не повикува! Да продолжиме заедно со проф. Гордана Силјановска Давкова, да се бориме за сонот за Република Македонија заедно сите, до победа. Времето нека пишува биографија за секој од нас, сплотени до конечна победа, пишува меѓу другото во фејсбук пораката во писмото од Игор Југ, упатена преку Фејсбук до Гордана Сиљановска
Потсетуваме дека Југ е неговите насилници се осудени, и се во затвор за крвавите настани во Собранието од 27 ми април, кога требаше да биде убиен лидерот на СДСМ, сега премиер, Зоран Заев, и другите пратеници.
Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска -Давкова не се огради од овие насилници, а тие сега застануваат и повикуваат за неа и за нивните правдини, веројатно чекајќи за тоа аболиција.
А колку за правдата и за таковината потсетуваме дека за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, изречени се 17 пресуди во вкупна висина од 211 години затвор. 
Митко Пешов од МВР доби 15 години затвор, Душко Лазаров од МВР осуден на 15 години, Горан Ѓошевски Леви, поранешен шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски осуден е на 15 години, натаму Оливер Поповски од МВР осуден на 13 години, неговиот колега Оливер Радулов, на 10, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање кој денес доби 15 години затвор. Мерките, советот со кој претседаваше Кацарска ги донесе на барање на Обвинителството за организиран криминал. Абдуљфета Алими, доби 7 години затвор, исто така, доби притвор.


