Во позадина на проблемите со некои од тест примероците на Galaxy Fold постојат и позитивни
вести за Samsung во врска со продажбата на серијата Galaxy S10.

Уредите уживаат многу успешно деби во САД, според податоците од истражувањето на фирмата
Counterpoint Research.

Во првата недела од нивната продажба во земјата, моделите во серијата запишале 16% повисок
резултат од оној на Galaxy S9. Најпопуларен е Galaxy S10 +, чија продажба претставува 50% од
вкупниот број во серијата.
Најслабо продаван модел е S10e, но токму неговите количини помагаат да се забележи поголема
продажба отколку Galaxy S9.