Почнаа активностите за поставување улично осветлување во туристичката населба Абланица во општина Берово, во рамки на активностите за подобрување на условите за туристите.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски истакна дека со овие активности се проширува електричната мрежа за осветлување во населбата, што се наоѓа близу до Беровското езеро.