Samsung започна да дистрибуира ново софтверско ажурирање на сопствениците на Galaxy S10, во
кое има неколку интересни подобрувања. Сепак, главниот фокус во ажурирањето е интеграцијата
на ноќниот режим во камерата на паметниот телефон. Откако ќе бидат инсталирани,
сопствениците на уредот исто така ќе добијат априлски безбедносен „пач“ кој обезбедува заштита
од најновите закани за безбедноста на Android. Ажурирањето сега е достапно во некои европски
земји.

Многу е веројатно дека ќе биде достапно за краток рок за сите земји на континентот, пренесе
SamMobile. Новиот ноќен режим е базиран на Bright Night функцијата и ќе понуди импресивен
квалитет на сликата дури и во отсуство на доволно светлина. Во иднина, корисниците ќе можат
рачно да прилагодат како работи оваа функционалност. На овој начин Samsung ќе го елиминира
проблемот со кој алгоритмите на Bright Night автоматски ја корегираа работата на камерата.
Многу корисници, сепак, беа разочарани бидејќи сакаа да имаат целосна контрола врз оваа клучна
функционалност. Компанијата вети дека ќе продолжи да го ажурира ноќниот режим со
дополнителни опции за да ги оптимизира своите перформанси. Ова ќе биде можно со
дополнителни надградби што ќе ги видиме во наредните месеци. Во заклучок ќе истакнеме дека за
да го активирате ноќниот режим е потребно едно лизгање на прстот од камера апликацијата на
Samsung Galaxy S10.