Непосредно пред средбата со Путин , Ким го смени својот најблизок соработник (ВИДЕО)

од desk2
131 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг –ун непосредно пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин го смени својот најблизок соработник Ким Јонг Чол , кој е главен преговарач со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Ким Јонг Чол беше претседател на одделот на Обединетиот фронт , тело на севернокорејската Работничка партија , која се занимава со односите на Северна Кореја со странство , аво последно време со САД.

Веста за смената е објавена кога Ким допатува со својот оклопен воз во Владивосток. Сменетиот Ким Јонг Чол посебнос е истакна за време на пропаднатиот самит на Ким со Трамп во Виетнам во февруари. Тој ја посети Белата куќа во декември минатата година за да се сретне со Трамп.

https://twitter.com/RT_com/status/1120970759030149121

Известувањето за смената доаѓа откако министерството за надворешни работи на Северна Кореја минатата недела објави дека не сака да ги продолжи преговорите со Помпео.

Пред симнувањето на Ким од возот во Владивосток , се случи уште една бизарна сцена , кога двајца Севернокорејци ја бришеа вратата од каде требаше да излезе лидерот , додека возот се уште се движеше.

https://twitter.com/RT_com/status/1120984151669313536