Пентагон ќе прати уште 300 војници на границата со Мексико

од desk2
131 прегледи

 

Пентагон денеска соопшти дека на границата со Мексико можно е да прати околу 300 дополнителни војници кои ќе бидат во директен контакт со мигранти.

Чарлс Самерс, портоаролот на американскиот секретар за одбрана Патрик Шанахан, изјави дека денеска очекува од неговиот шеф да го одобри предлогот, кој е одговор наповикот на МИнистерството за внатрешни работи за дополнителна воена помош.

Новите единици ќе имаат задача на поддршка како возење автобуси со притворени мигранти и делење оброци за нив.

Во моментот на границата со Мексико има околу 2.900 активни војници и околу 2.000 припадници на Националната гарда.