Се појави првиот телефон на Huawei со „pop-up“ камера

од Vlatko K
156 прегледи

Производителите на паметни телефони се потпираат на различни методи за зголемување на
површината на екранот. „Отсекување“ и „дупчење“ на панелите за обезбедување на место за селфи
камерата се популарни решенија, но освен тоа, се повеќе се обрнува внимание и на различни
механизми кои овозможуваат да се зачува интегритетот на екранот, за тој да покрие уште поголем
дел од предниот панел.


Huawei исто така ќе обрне внимание на концептот за „pop-up“ селфи камера, станува јасно од
информации на холандскиот сајт Mobielkopen. Тој открива детали за модел со име Huawei P Smart Z,
кој ќе понуди 6.59-инчен дисплеј со резолуција 2340х1080 пиксели и сооднос 19.5:9.
Екранот не е „пресечен“ или „прободен“ бидејќи камерата со резолуција од 16MP (f / 2.0) е
монтирана во скокачки („pop-up“) механизам.

Други карактеристики вклучуваат Kirin 710, 4GB RAM, 64GB екстензивна меморија и 4000mAh
батерија.

Сликите покажуваат дека има сензор за отпечатоци и двојна камера на задниот панел, за која се
вели дека има резолуција од 16MP + 2MP. Димензиите на моделот се 163,5 x 77,3 x 8,9 mm со тежина
од 197 грама.

Според информациите, паметниот телефон ќе биде достапен во црно, сино и зелено за околу 210
евра.