Иако веќе извесно време е достапен како експериментален додаток, т.н. темен режим на Chrome е
сега и официјално дел од последната, 74 верзија на популарниот пребарувач. Се разбира, ширењето
нејзино ќе се случува етапно во наредните денови, иако официјално таа би требало да е достапна
за трите главни платформи – Windows, Mac и Linux.

Под Windows сепак темниот режим се уште не е автоматски достапен за сите корисници. Во
принцип, Chrome би требало сам да утврди дека сте избрале темен режим за оперативниот систем
по дифолт, и да „потемни“ сам, но во моментов оваа функција се уште не е активна за решение, зад
кое стои Google.
Ако вашиот Chrome е надграден до најновата верзија и новиот темен режим сè уште не работи,
имаме добри вести за вас – можете да го вклучите принудно.
За да го направите тоа, кликнете со десното копче на иконата на Chrome и одберете Properties.
Потоа, во делот Target, додадете команда „-force-dark-mode“ без наводници.
Стартирајте го Chrome од веќе модифицираната кратенка и овозможете го Dark Mode.
За разлика од досега постоечките замени на слична опција официјалниот „dark mode“ веќе
вклучува и адекватна темна варијанта на системските менија, а не како досега постоечките
„скинови“ за Chrome кои го„затемнуваат“ прелистувачот само делумно.