Службите за разузнавање сугерираат дека борците на терористичката организација Исламска држава може да преземат нови напади во туристичките области на Азија и Африка , како ооние, преземени во Шри Ланка, објави “Сандеј телеграф”, повикувајќи се на извори во разузнавачките служби.
Нови напади се можни поради фактот дека поттикнувачи на ДАЕШ по поразот на организацијата на Блискиот Исток веќе не се загрижени за неговото управување и се слободни да организираат “терористички напади” .
Министерот за одбрана на Шри Ланка, Хемасари Фернандо поднесе оставка по критиките од јавноста и раководството на земјата во врска со терористичките напади .
Полицијата уапси вкупно 76 лица, меѓу кои и сиријци, и најави дека под истрага се и се барани се 140 лица. Беше објавена вонредна состојба и беше воведен полициски час, а беа забранети исламистичките организации .