Дневни активни корисници на EMUI се 470 милиони

од Vlatko K
114 прегледи

Дневните активни корисници на интерфејсот на EMUI во производите на Huawei во моментов се 470
милиони низ целиот свет. Ова стана јасно од презентацијата на претседателот на софтверскиот
одел на компанијата, Ванг Ченглу.


Настрана од тоа, Ченглу посочи дека EMUI е достапен во 216 земји и територии и на 77 јазици.
Производот се разви многу во последниве години, а нејзините најнови изданија нудат функции како
GPU Turbo, подобрен дата систем и сериозни оптимизации на продуктивноста.

И покрај промените во EMUI, неговата возраст е веќе забележлива, особено во однос на
тенденцијата за олеснување на софтверските интерфејси и враќањето кон класичниот Android
изглед.