Во страотен судир на автобус и камион,во Србија петмина изгорени, и повеќе повредени

од Vlatko K
127 прегледи

Пет  лица загинаа,и засега исто толку  се повредени при страотна сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион која што се случи на автопатот Куршумлија – Прокупље во Србија.

На местото на настанот починале и возачот на автобусот и возачот на камионот и уште двајца патници кои биле јагленосани, а предмалку починала и петтата жртва, тешко повредена медицинска сестра од Прокупље. Таа за жал починала на операциона маса во Клиника.

Се работи за 50-годишната Р.Д. која имала повреди на градниот кош и стомакот.

Автобус на Нишекспрес во еден момент преминал во спротивната лента и удрил во камионот. Автобусот целосно изгорел..

Пожарникарите од автобусот кој горел успеале да извадат шест лица. Сите се тешко повредени и се префрлени во болницата во Прокупље.

Надлежните стравуваат дека бројот на жртвите може да расне.