Производ на Samsung, кој спасува животи (ВИДЕО)

од Vlatko K
225 прегледи

Корејската компанија Samsung, и поконкретно нејзината сестринска фирма Cheil Worldwide,
промовираше доста невообичаен „уред“, наречен Firevase.


Пред вас е вазна за цвеќе. Само што, таа се состои од два дела. Вода се влева во внатрешноста и
се ставаат цвеќиња.

 

Надворешниот, која е херметички затворена, е полна со специјална материја – калиум карбонат. Тој
е способен за брзо ладење на околниот простор и отстранување на кислород.

Калиум карбонатот може ефективно да се користи за гаснење на пожари.

Идејата на авторите на Firevase е следнава: вазната стои мирно на масата или пак на орманот, ако
одеднаш во домот пламне оган, ја земате и ја фрлате кон изворот на огнот.

Вазната се разбива, калиум карбонатот истекува и го гаси пожарот.

Колку е ефикасен производот, можете да видите во рекламното видео.

Главната причина за појавата на Firewase е дека во домот на Samsung – Јужна Кореја, законот е во
сила од 2017 година, кој го обврзува секој сопственик на куќи да се здобие со апарат за гаснење
пожар.

Денес само 60% од домаќинствата имаат објекти за гасење пожари.