Поп пејачката Пинк призна во интервју за „USA Today“ дека за првпат абортирала на 17 години, а
потоа преживеала уште неколку абортуси пред да роди две деца – 7-годишна ќерка и 2-годишен
син.

Изведувачката откри дека имала намера да го задржи бебето, но не успеала.
„Поради тој абортус, јас го замразев моето тело. Мислев дека е скршено и не функционира добро.
Зошто ми се случуваше тоа намене и зошто сега? После тоа, доживеав неколку спонтани абортуси,
што ме натера да почнам со терапија“, признава пејачката.
Благодарение на нејзините познаници, кои ја упатиле да посети психолог, таа успева да се опорави
и да открие дека хуморот е механизмот, кој и помага да се справи со такви ситуации.
За време на терапијата, Пинк се запознава со својот иден сопруг и актуелен партнер – Кери Харт.
Тие се заедно од 2002 година, се венчаа четири години подоцна, но и покрај нивната кратка
разделба, тие се уште се заедно.
Нивните деца се појавуваат во 2014 и 2016 година.