Филмовите за „Спајдермен“ лекуваат фобија од пајаци

од Vlatko K
132 прегледи

Израелски научници пронајдоа изненадувачки лек против стравот од пајаци – филмовите за
„Спајдермен“, пренесе Мирор.


Доволно е човек да го гледа суперхеројот само 7 секунди за да се намалт симптомите на
арахнофобија за 20 проценти. Сличен е и ефектот за „Ентмен“ а стравот од мравки.

Научниците од Универзитетот „Бар-Илан“ работеле со 424 доброволци, откако им проектирале
извадоци од „Спајдермен 2“ или „Ентмен“ според нивната фобија. Резултатите покажуваат дека
иако нивниот страв од конкретниот инсект се намалил, тоа не влијаело врз симптомите на нивната
фобија од инсекти.

Објаснувањето, според експертите, е дека олеснувањето не се должи на забавата, туку на
изложеноста на пајаци или мравки во филмовите.

Откритието може да помогне во поефикасно лекување на арахнофобија.