Трамп го испрати за ратификација протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

од desk2
68 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп во пораката испратена денеска до Сенатот повикува на „разгледување и согласност“ на пристапниот протокол за влез на Северна Македонија во НАТО.


Во официјалниот допис од Белата куќа се вели дека протоколот бил потпишан во Брисел на 6 февруари 2019 година, од страна на САД и на другите членки на Северноатлантската алијанса.

Целосната ратификација на Протоколот, се вели во дописот, ќе овозможи Северна Македонија да стане дел од Северноатлантскиот договор и членка на НАТО.

-Како што стои во извештајот за зачленување на Северна Македонија во НАТО поднесен до Конгресот на 27 март 2019 година, во однос на Резолуцијата за давање совет и согласност за ратификација на протоколите за зачленување на Полска, Унгарија, и Република Чешка, од 30 април 1998, Северна Македонија е решителен партнер на САД, и од нејзиното членство во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и на НАТО Алијансата, се прецизира во соопштението.

-Барам Сенатот да обезбеди препорака и согласност, и мојата администрација е подготвена да помогне во неговите излагања, соопшти Белата куќа.