Facebook Messenger ќе добие апликација за компјутер

од Vlatko K
168 прегледи

Во моментов, можеме да го користиме Facebook Messenger на мобилен уред и прелистувач, но
подоцна во годината ќе добиеме уште една шанса – преку специјализирани апликации за MacOS и
Windows.


Веста беше објавена за време на конференцијата за девелопери – F8. Појавата на нови апликации
ќе овозможи полесно користење на популарната услуга за комуникации за луѓето, кои го
поминуваат својот ден во канцеларија.

Од Facebook велат дека корисниците ќе можат да водат групни разговори, да соработуваат на
проекти или да прават други работи додека комуницираат преку Messenger – всушност ќе имаат
пристап до целосната функционалност на услугата.

Бизнис корисниците ќе добијат повеќе можности за поврзување со потенцијални клиенти, можност
за креирање на реклами и други сервисни алатки, како што е закажување на посета на сервис за
автомобилот или фризер.