Кира Најтли е бремена по втор пат

од Vlatko K
124 прегледи

Актерката Кира Најтли очекува второ дете, а веста ја откри самата таа, покажувајќи се на коктел
забава на Шанел во фустан, кој го покажуваше нејзиниот стомак. 34-годишната Кира и нејзиниот
сопруг музичарот Џејмс Рајтон пристигнаа заедно на настанот, држејќи се за раце.


Парот се зема во 2013 година, а две години подоцна, го пречекаа своето прво дете – девојче по име
Еди.

И покрај видливиот стомак, само пред 2 недели, Кира се појави на друг настан и ништо не
наговестуваше дека таа повторно ќе стане мајка.

Во почетокот на јануари, актерката сподели колку и е тешко да балансира помеѓу мајчинството и
кариерата, откако призна дека е среќна штом може да си дозволи бејбиситерка, но тоа не значи
дека одгледувањето на дете е лесна задача, дури и со дополнителна помош .

Кира не коментираше во кој месец од бременоста е, но се шпекулира дека таа ќе роди кон крајот на
летото.