Актерката Блејк Лајвли, прочуенa се од серијата „Gossip Girl“, ги изненади сите, пристигнувајќи на
премиерата на играниот филм „Pokémon: Detective Pikachu“ во напредна бременост.

31-годишната Блејк и нејзиниот сопруг, 42-годишниот Рајан Рејнолдс, се во брак од 2012 година и
имаат две деца – девојчиња на возраст од 2 и 4 години.
Русокосата актерка се појави во блескав жолт фустан во кој се виде дека е бремена. Гласините
дека таа очекува трето дете, се појавија пред неколку месеци, бидејќи од почетокот на годината, таа
немаше објавено фотографии на социјалните мрежи, а на оние снимени од папараците – актерката
секогаш беше облечена во широки алишта, што беа и првите знаци за нејзината бременост.