Мадона се пожали дека телефоните ја уништиле врската со нејзините деца.

60-годишната пејачка има 6 деца: 22-годишната Лурдес, 18-годишниот Роко, Дејвид и Мерси (13) и
Естер и Стела, кои се на 6. Ѕвездата призна дека жали што им купила телефони на поголемите деца
.
Пред британското издание на модната библија „Вог“ таа признва: „Направив грешка, кога дадов
телефон на поголемите деца, кога беа на 13. Ова навистина стави крај на мојот однос со нив. Ние
комуницираме, но не како порано. Сега телефоните се составен дел од нивниот живот“.
Според Мадона ќерката Лурдес е поталентирана од неа, но социјалните медиуми и богатството во
кое е одгледана ја одбиле да ги гони своите соништа.
Мадона е на насловната на британскиот „Вог“ за прв пат од 1989 година.