Икарди – гол и на колена пред Ванда Нара

од Vlatko K
197 прегледи

Голгетерот на Интер, Мауро Икарди се најде на колена пред својата сакана Ванда Нара, но не за да
и предложи брак повторно, туку за провокативна фотосесија, која е една од главните теми во
Италија во последните денови.


Фудбалерот е чисто гол покриен само со своите тетоважи, додека неговата сакана е со долг
вечерен фустан. Ова е само еден од кадрите што ги споделија на социјалните мрежи.

Сликите се „црно-бели“, направени со многу финес и чувство на еротика, но не беа добро прифатени
од навивачите на Интер. Тие мислат дека играчот размислува повеќе за своите настапи надвор од
теренот, отколку на него.

Мауро Икарди е една од „црните овци“ во тимот откако фудбалерот започна преговори за нов
договор. Тој побара повеќе пари, а неговиот клуб одговори со тоа што му ја одзема капитенската
лента.

Тие се заедно од 2014 година, а пред тоа, убавицата беше мажена со еден од соиграчите на Икарди
во Сампдорија – Макси Лопез.