Ким Кардашијан добива половина милион долари за секоја фотографија во „Инстаграм“

од Vlatko K
166 прегледи

Ким Кардашијан ја тужи компанијата за облека „Miss Guided USA“, која незаконски искористила
нејзина фотографија за да ја зголеми продажбата.


Откако компанијата очигледно ги игнорирала обвиненијата, Ким сега поднесе тужба и бара 5
милиони долари компензација. Реалити ѕвездата ја оправдала огромна сума за отштета во
образложение дека за секоја нејзина слика во „Инстаграм“ добива помеѓу 300.000 и 500.000
долари. Таа има обезбедено документи кои ги докажуваат нејзините наводи.

Покрај тоа, Ким Кардашијан вели дека честопати ги отфрлала поканите да биде лицена модни
брендови, затоа што не сака нејзиниот имиџ да биде поврзан со одредени компании.