Samsung работи на камера под екранот

од Vlatko K
238 прегледи

Исечените дисплеи, кои навлегоа масовно на пазарот во последниве години, очигледно се
компромисно решение кое им овозможува на производителите да ги намалат рамките на
смартфоните, но во исто време тие сигурно имаат и свои сериозни противници. Токму поради тоа
во последните месеци гледаме најразлични технички решенија за нивно заобиколување, како

враќање на лизгачите или пак користењето на „скокачки“ камери за селфи. На овој начин спорниот
пресек во панелите се избегнува, а во исто време не се прави компромис со големината на
рамките.

Сепак, ова исто така има свои недостатоци, бидејќи воведувањето на дополнителна механика во
голема мера го зголемува ризикот од дефекти. Според последните вести од корејските медиуми,
Samsung работи на уште порадикално решение за проблемот. Потпретседателот на компанијата за
развојна дејност, Јанг Бунг-дук навестил дека се бара опција за интегрирање на камерата и сите
сензори во самиот дисплеј, без да се прибегнува кон „пресеци“.

Новата технологија ќе овозможи резултат, кој ќе ги елиминира недостатоците на сегашните модели
и ќе биде сличен на филозофијата со вградени во дисплејот сензори за отпечатоци.