Први хардверски детали за Huawei Mate 30 Pro

од Vlatko K
151 прегледи

Во Кина се појавија први информации за хардверски спецификации на , кој ќе Huawei Mate 30 Pro
биде објавен на есен. Според нив, новиот модел ќе понуди голем број подобрувања во однос на
сегашната серија.


Екранот ќе има дијагонала од 6,71 инчи. Тој ќе биде AMOLED и ќе биде произведен од кинескиот
концерн BOE, кој неодамна стана еден од најсериозните играчи на пазарот за OLED панели. Mate 30
Pro, исто така, ќе нуди вграден сензор за отпечатоци. Користениот чипсет ќе биде Kirin 985, кој ќе го
вклучува и модемот 5G Balong 5000, кој ќе обезбеди компатибилност со мрежите од петтата
генерација (5G) на сите варијанти на паметни телефони.

На грбот ќе има 4 камери, со мали промени во конфигурацијата на индивидуалните сензори во
споредба со актуелниот P30 Pro. Други спецификации вклучуваат 4200 mAh батерија која ќе
поддржува брзо полнење од 55W, безжично полнење и обратно полнење на други уреди на 10W,
што е двојно повеќе од сегашните решенија на Huawei.

Се разбира, треба да имаме на ум дека сето ова се сè уште само гласини. До премиерата на Mate 30
Pro има време, а Huawei допрва треба да направи значителни промени во параметрите на
паметниот телефон.