„Мет Гала 2019“ – кога ѕвездите се забавуваат на црвениот тепих (ФОТО)

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Традицијата наметнува секој прв понеделник на мај месец да се претвори во екстравагантна и луксузна сцена за „матурската“ на годината. Така ја нарекуваат ѕвездената гала вечер во корист на Музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк, која се одржува под покровителство на главната уредничка на „Вог“ – Ана Винтур.

Настанот е само за гости кои треба да платат речиси 25.000 долари за да присуствуваат. Средствата одат за музејот. И бидејќи сите сакаат да се на „матурската“, а просторот е ограничен, максимум 650-700 луѓе имаат чест да добијат покана, па атмосферата на матурската е доста интересна. И дури оваа бројка да ви изгледа голема, верувајте – надвор од листата со избраните остануваат уште многу, многу кои сакаат да се на иста маса и сцена со ѕвезди, политичари, дизајнери, бизнисмени.

Овогодишната тема беше „Camp: Notes on Fashion“, што им овозможи на гостите да покажат смисла за хумор и екстраваганција во однос на своите haute couture тоалети.

На некои тоа им успеа – Кети Пери дојде, облечена како лустер, а креацијата беше дело на Jeremy Scott.

Лејди Гага се потпираше на неколку слоеви на облека и нивното спектакуларно отстранување, а Џаред Лето си ја носеше главата во рака.

Импресивни беа тоалетите на Селин Дион, Карди Би, Џенифер Лопез, Кара Делевин и многу други.

Видете ги во галеријата – малку поголема, но вреди да се види: