
Новата рунда преговори ја најави вчера премиерот Зоран Заев, изразувајќи надеж дека ќе се постигне договор за законот за јавното обвинителство, бидејќи броени се деновите до затворање на извештајот на Европската комисија.
Работните групи на власта и опозицијата и покрај повеќето средби не се согласуваат за концепетите за законот за јавно обвинителство. Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите.
За усвојување на Законот за јавно обвинителство неопходно е двотретинско мнозинство и тој е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија.
Премиеорт Заев најави дека е оптимист дека решение ќе има.