На 17 мај се навршуваат 10 години од излегувањето на Minecraft и Microsoft сакаат да ја одбележат
оваа годишнина на посебен начин.
Во рамките на конференцијата Build 2019 компанията пушти кратко тизер видео кое сугерира за
доаѓањето на нова мобилна верзија на Minecraft со додадена реалност.

Во него го гледаме креативниот директор на Minecraft, Сакс Персон, кој го заборава телефонот
клупата, а случаенминувач го наоѓа и успева да види како популарната игра оживува со технологија
за додадена реалност.
Засега нема други информации за природата на апликацијата, но компанијата ветува да сподели
повеќе детали на 17 мај.