Владата го продолжи рокот за доделување концесии за мали хидроелектрани

од desk2
134 прегледи

Владата одлучи да го продолжи рокот за донесување решенија за доделување концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи.

Владата на денешната 134-та седница, информираат од владината прес-служба, првично го разгледа Извештајот за евалуацијата на пристигнатите понуди за доделување на концесија за вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи по што донесе одлука за изменување на одлуката за започнување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со која се продолжува рокот за донесување решенија до конечното усогласување на критериумите за доделување на концесиите.