Huawei ќе произведе над 100.000 Mate X смартфони до крајот на јули

од Vlatko K
113 прегледи

Аналитичарите не случајно ја определија 2019 година како година на паметни телефони со
флексибилни дисплеи. Првите уреди со овој дизајн предизвикаа голем интерес кај потрошувачите.
Уникатниот форм-фактор на модели како Huawei Mate X и Samsung Fold е само прашање на време
да стане следната голема иновација во индустријата. Ние веќе ве информиравме дека Samsung
официјално го одложи лансирањето на флексибилниот паметен телефон Galaxy Fold.


Причината е непредвидени технички проблеми со екранот. Неочекуваната ситуација може да
обезбеди на Huawei Mate X голема предност пред својот конкурент. AndroidPit нè информира дека
кинескиот гигант ќе почне да испорачува 100.000 единици на уредот пред крајот на јули. На овој
начин, компанијата ќе се обиде да го привлече вниманието на понетрпеливите потрошувачи,
овозможувајќи им да го добијат нивниот флексибилен паметен телефон пред премиерата на Galaxy
Fold.

Првичните планови на Huawei предвидуваат производство на 300.000 единици. Сепак, очигледно е
дека компанијата не ги доживува истите проблеми како Samsung со Galaxy Fold. Реализацијата на
100 илјади испораки на пазарот пред крајот на јули ќе им овозможи да го прошират својот удел на
пазарот и да се претворат во лидер во овој сегмент, кој допрва ќе станува се попопуларен. Цената
на Huawei Mate X се очекува да изнесува околу 2.229 евра.