Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, вели дека со контаминирањето на нафтата која се доставува од рускиот гасовод настанала огромна штета.

Според неговите зборови, Белорусија очекува Русија да плати оштета, јавува агенцијата “Belta”, пренесува “Reuters”.
“Моментално ја проценуваме штетата…штетата на гасоводот е огромна, вклучувајќи ја и штетата на опремата за цевките, како и пумпите на објектите и на рафинериите”, рекол Лукашенко.
Објаснил дека отштетата би можела да изнесува и стотина милиони долари и дека се надева дека Русија нема да го оспорува износот.
Русија на крајот од минатиот месец го сопрела текот на нафтата на нафтоводот кој минува преку Белорусија во источна Европа и Германија, поради контаминираната сирова нафта.