Мексиканските власти пронашле 35 тела во необележани гробови во поширокиот регион Гвадалахара, западно од земјата минатата недела

Истражителите што ги претресoа куќите во југоисточниот дел на Гвадалахара пронајдоа 27 тела, изјави на прес-конференцијата обвинителот Херардо Солис. Солис рече дека истражувачите на местото биле во потрага по повеќе жртви, и досега се идентификувани само две тела.
Државниот обвинител додаде дека во посебна истрага во централната област на градот се пронајдени остатоци од најмалку седум лица и дека работата на локацијата е бавна поради киселини и живата вар со кои телата биле уништени и затоа ги спречувале инспекторите да работат повеќе од 20 до 30 минути во исто време.
Друго тело беше пронајдено југоисточно од Гвадалахара, каде што четири лица беа уапсени, рече Солис. Во моментов, во Мексико се исчезнати 40.000 лица. Минатата година во таа земја имало 33.000 убиства, главно поврзани со организиран криминал./Слободен печат