Креаторите на „Игра на тронови“ ќе го прават следниот филм од „Војна на ѕвездите“

од Vlatko K
95 прегледи

Следниот филм на „Војна на ѕвездите“ ќе биде дело на креаторите на „Игра на тронови“.


„Дизни“ планира нова трилогија, а филмовите ќе бидат објавени во 2022, 2024 и 2026 година.
Првиот ќе биде создаден од Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс. Тие станаа познати по својата работа на
серијата која се емитува на „ХБО“, а која е правена врз основа на делото „Песна за оган и мраз“ на
Џорџ Мартин.

Главниот извршен директор на Дизни, Боб Ејгер, го објави ова вчера, а претходно од компанијата
изјавија дека новите филмови ќе се движат во друга насока од сагата за семејството Скајвокер,
која започна во 1977 година.

Новиот филм
Премиерата на деветтата епизода од серијалот се очекува во декември – ќе се вика „The Rise of
Skywalker“ и во него ќе се појават принцезата Леа и царот Палпатин.

Продуцентите велат дека филмот ќе ја заврши приказната, која започна во едно друго време во
1977 година. Режисерот Џеј Џеј Абрамс, кој зборува во присуство на дел од актерскиот состав на
филмот, рече дека дејството се случува некое време по настаните од „The last Jedi “, кој излезе во
2017 година.