Повеќе од 30 години по напуштањето на Канада да си ја проба среќата во Холивуд, актерот Кијану
Ривс го „зацементира“ своето место во филмската историја, оставајќи отпечатоци од рацете и
стапалата пред Кинескиот театар во Меката на киното, пренесе Франс прес.

„Ги сакам филмовите. Обожавам да ги гледам и да се снимам во нив. Мојата кариера како актер
започна на 15-годишна возраст во Торонто, Канада. На 20 години го купив првиот автомобил и ја
преминав земјата, за да дојдам во Лос Анџелес, во Холивуд, со еден сон – овој сон“, изјави 54-
годишниот Ривс.
Меѓу гостите на актерската церемонија беа Холи Бери, Лоренс Фишбурн и Јан Мекшејн.
Кијану Ривс е познат по улогите во филмови како „The Matrix“ и „John Wick“, како и во филмовите
„Point Break“, „Little Buddha“, „Speed“, „The Devil’s Advocate“ итн.
Третиот филм на Џон Вик, во кој глуми Ривс, тргнува во кината оваа недела.