Епизодата 5 од „Игра на тронови“ – најгледана, но најмалку сакана од фановите

од Vlatko K
112 прегледи

Епизода 5 на „Игра на тронови“ постави нов рекорд за гледаност – „Камбаните“ е гледана од 18,4
милиони лица на сите платформи на „ХБО“, пишува „Варајати“. Ова го победи претходниот рекорд
од последната сезона на култната серија – пилот епизодата беше гледана од 12,07 милиони
фанови.


Иако е негативно мислењето за последната епизода, таа не успеа да го разниша високиот рејтинг
на серијата.

Сепак, според веб-страницата „Ротен томатос“, кој ги обединува мислењата на критичарите и го
мери рејтингот на серијата на база на „допаѓања“ на епизодата, а не по гледаност, „Камбаните“ е
најмалку сакана епизода од целата сезона.

Серијата доби само 47% одобрение. За споредба, пилот-епизодата од минатата сезона е одобрена
од 98%, а епизодата 3, која ја видовме во борбата со „белите одачи“, има 75% одобрување.

Ова е доказ за масовното разочарување на критичарите и фановите од минатата сезона.
Последната епизода на „Игра на тронови“ ќе биде емитувана на 19 мај 2019 година и се очекува да
ги сруши сите претходни рекорди.