Макрон предлага посилна Европа како противтежа на САД и Кина

од desk2
120 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се заложи за создавање на „посилна Европа“, која би можела да се спротивстави на американската и кинеската доминација на глобално ниво.

Говорејќи во пресрет на изборите за членови на Европскиот парламент, што ќе се одржат кон крајот на овој месец, Макрон изрази загриженост поради зајакнувањето на екстремистичките ставови и политики во ЕУ, кои, според него, водат до слабеење на Европа.

Макрон смета дека во услови на слаба Европа, светот би можел да се доведе во ситуација да биде предводен од „Г-2“, односно само од САД и Кина.

– Ако ја расцепкате Европа, нема шанси да имате посилна Европа, нагласи францускиот претседател, додавајќи дека ЕУ во изминативе 70 години успеала „мирно да спои 28 силни национални култури“.