“Социјалните мрежи се навистина страшни за мојата генерација”. Ова го изјави Селена Гомез, која го помина црвениот килим на Канскиот филмски фестивал.
“Сфаќам дека е забавно да се користат социјални платформи, но јас сум загриженa кога гледам како младите девојки и момчиња се изложени на нив. Не мислам дека во некои случаи луѓето добиваат вистински информации “, рече таа.
Гомез е во францускиот град кaде присуствуваше на прикажувањето на “The Dead Do not Die”, кој ја започна програмата на фестивалот. Во групата, таа се здружи со Бил Мјуреј и Тилда Свинтон.
Пејачката и актерката постојано споделува дека неа не ѝ се допаѓаат на социјалните мрежи, па дури и го избриша нејзиниот профил на Instagram неколку пати. Последен пат одлучи да го стори тоа за да се справи со депресијата и да помине повеќе време на своето семејство. Таа не беше присутна речиси четири месеци на Интернет.
Во моментов, Селена Гомез има над 150 милиони следбеници во Instagram.