Дебата за новиот Закон за Судскиот совет

од desk4
123 прегледи

Претставници на Институтот за човекови денеска ќе одржат брифинг во форма на дискусија со новинари  за новиот Закон за Судскиот совет и за работата на Судскиот совет во изминатиов период.

На дебатата, која е дел од проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет“, поддржан од Британската амбасада Скопје, ќе се покренат прашања во однос на влијанието на новите измени врз работата на Судскиот совет и пред се на независноста на судството.

На средбата со новинарите ќе дискутираат претседателката на Институтот Маргарита Цаца Николовска, Вера Коцо, Мирослав Драганов, Јелена Кадриќ и Кристина Дода.