Кејт Мидлтон покажа фотографии од децата во градина, проектирана од неа

од Vlatko K
155 прегледи

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, објави фотографии од нејзините деца, додека си играат во
градина, проектирана од неа.


Местото беше создадено специјално за овогодишната цветна изложба во Челзи, објави Би-Би-Си.
Кејт Мидлтон изјави дека сака да ги инспирира луѓето да трошат повеќе време во природата.

Нејзиниот таканаречен „шумски храм“ е дел од нејзината работа за раниот детски развој.

Според сопругата на принцот Вилијам, игрите на отворено им помагаат на децата да станат „среќни
и здрави возрасни лица“