Подметнат пожар во џамија во САД, се нуди награда за информации

од desk2
84 прегледи

Американските власти во Конектикат нудат награда од 5.000 долари за информации, кои ќе доведат до апсење и процесуирање на лицето, кое ја запалило џамија во Њу Хевн.

Бостонскиот огранок на Федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви денеска соопшти дека нуди награда за помош во расветлувањето на случајот со подметнување пожар.

Огнот на 12 мај оштети два ката на џамијата Дијанет во Њу Хевн, а градоначалникот минатата недела изјави дека властите пронашле докази дека запалив уред или материјал бил користен за да се предизвика пожарот.

Гувернерот на Конектикат Нед Ламонт го осуди овој инцидент.

-Напад врз верска институција – од која било религија – поттикнат од омраза е одвратен и ужасен, изјави Ламонт на Твитер.

Покрај наградата на Федералното биро (АТФ), и државата Конектикат преку Програмата за спречување на пожари нуди до 2.500 долари за информации, кои водат до апсење и осудување на сторителот.