Трамп: Иран ќе се соочи со голема сила ако направи нешто против американските интереси

од desk4
137 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран ќе се соочи со „голема сила“ доколку се обиде да направи што било против американските интереси на Блискиот исток.

– Ако направат нешто, ќе се соочат со голема сила, рече Трамп, но додаде и дека нема сигнали дека Иран ќе направи такво нешто.

Трамп во изјава за новинарите во Белата куќа повторно го нарече Иран „непријателски“ и „провокатор број еден на тероризмот“.