Бред Пит и Лео Ди Каприо ги сообраа овациите на претставувањето на филмот на Тарантино во Кан (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Култниот американски режисер Квентин Тарантино го претстави својот нов филм „Once Upon a Time … in Hollywood“ во натпреварувачката програма на фестивалот во Кан заедно со холивудските ѕвезди Бред Пит и Леонардо ди Каприо, кои ги играат главните улоги. Тие беа пречекани на црвениот тепих со големи овации.

По возбудети предизвикани во текот на првата Фестивалска недела од Педро Алмодовар, Антонио Бандерас и Пенелопе Круз со „Pain and Glory“, од Елтон Џон и Тарен Егертон со „Rocketman“, со Ален Дело и почесната „Златна палма“, дојде редот и од Тарантино.

Неговото присуство никогаш не било незабележано во Кан. Љубителите на киното уште се сеќаваат неговата прва „Златна палма“ за „Pulp Fiction“, која му беше врачена од Клинт Иствуд во 1994 година. И како влезе во конфликт со жена од публиката, по добиени свирежи, потсетува Франс прес.

На ексцентричниот американски режисер му требаше 10 години за да се врати во Кан за претставата „Kill Bill 2“.

„Златната палма“ му „избега“ во 2009-та со „Inglorious Bastards“, но сепак не пропушти да го направи своето шоу на црвениот тепих, танцувајќи со Мелани Лоран.

Таква изведба тој и подари на публиката на „Кроазет“ и со Ума Турман за 20-годишнината од „Pulp Fiction“.

Во неговиот нов филм, кој трае 2 часа и 45 минути, познатиот американски режисер се враќа во ерата на хипиците во Лос Анџелес. Тука во 1969 година се вкрстуваат патиштата на актерот од телевизиски Вестерн, Крис Долтон и неговиот дублер во акробациите, Клиф Бут.

Во потрага по холивудска слава двајцата мажи, кои се соседи на ѕверски убиената актерка Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански (во улогата Марго Роби) ќе се соочат и со други познати личности од калибарот на Брус Ли и Стив Меквин.

Еден доста „винтиџ“ дух лебди над целата креација, чиј наслов е инспириран од шпагети вестерн на Серџо Леоне, еден од учителите на Квентин Тарантино.

На Тарантино може да му се насмевне шансата во недела да ја освои втората „Златна палма“ и да се израмни по тој показател со Били Огаст, Френсис Форд Копола, Лук и Жан-Пјер Дарден, Михаел Ханеке, Шохеј Имамура, Емир Кустурица и Кен Лоуч .

Тарантино повика своите фанови на Твитер, кои го гледале филмот, да не ја откриваат приказната пред другите идни гледачи.

„Кој го сака киното, ќе ме разбере“, рече режисерот.