Кина укинува и намалува даноци за да ги стимулира произведувачите на чипови

од desk2
94 прегледи

Кина ги намалува даноците на нови софтвери и електроника, во обид да ја поддржат таа индустрија, соопшти денеска Министерството за финансии.

Компаниите во индустриите за електроника и софтвер може да бидат ослободени од плаќање на данок на приход во првите две години, ако биле профитабилни кон крајот на 2018 година, соопшти кинеското Министерство за финансии.

Одлуката на Министерството за финансии доаѓа во услови на продлабочување на трговската војна со Вашингтон во врска со кинеските технолошки амбиции.

Повеќето паметни телефони, таблети и друга електроника се составуваат во Кина. Сепак, производителите обично користат микрочипови од САД, Јапонија или Тајван.