Францускиот претседател, Емануел Макрон смета дека би требало да се разгледа предлогот за главен преговарач на ЕУ за Брегзит да биде кандидатот за претседател на европската комисија – Мишел Барние.

„Несомнено, Мишел Барние е човек со огромни квалитети и тоа уште еднаш го покажа за време на преговорите со Британците“, рекол Макрон за белгискиот „Lsoa“, а пренесува бриселскиот портал „Politiko“.
Тој додал дека Барние е еден од европските лидери кои имаат високи квалификации и кои можат да бидат на листата на кандидати за најдобри работни места во ЕУ.
Како што рекол, еден од критериумите за наредниот претседател на Комисијата, треба да биде „искуство на највисоко ниво во Европската комисија“.
Тој предуслов би го исклучил Манфред Вебер, водечкиот кандидат од Европската народна партија, кој никогаш не извршувал таква работа, наведува порталот.