Би-Би-Си: На Британија и се закануваат нови оставки во влада

од desk4
94 прегледи

По одлуката на британскaтa министерка задолжена за односи со Парламентот, Андреа Лидсом да поднесе оставка, тоа би можело да го сторат уште неколку министри во владата на премиерката Тереза Мај, објави Би-Би-Си радио.

Медиумот тврди дека имаат информации дека и други министри би можеле да ја следат Лидсом во одлуката да поднесат оставка.

Лидсом, една од водечките поддржувачи на Брегзит синоќа поднесе оставка.

Во меѓувреме, Тајмс објави дека Тереза Меј утре ќе поднесе оставка.