Единица за брзи артивистички интервенции: „Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Единицата за брзи артивистички интервенции поттикната од неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот, на неколку крстосници во Скопје постави табли со натпис „Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“ со желба да укаже на недостатокот на свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност.

Оваа акција цели кон подигање на свесноста за здрава животна средина и повисока урбана култура со напомена дека одржувањето на хигиената не е инстант кампања туку долгорочен и одговорен колективен процес.