Интензитетот на дистрибуирани напади од типот Distributed Denial of Service (DDoS) се зголемил
значително во првиот квартал од годината, според истражувачката компанија Kaspersky Lab.

Во периодот јануари-март, DDoS нападите се зголемиле за 84% во споредба со последниот квартал
од 2018 година. Покрај тоа, овие сајбер-напади станале многу подолги – според податоците,
просечното времетраење се зголемило за 4,21 пати.
Покрај тоа, организаторите на таквите напади ги подобруваат нивните практики и DDoS нападите
стануваат сé покомплексни и тешко се неутрализираат, според истражувањето на Kaspersky Lab.
Кина останува лидер во бројот на појдовни напади. Но, повеќето ботнети за организирање DDoS
напади се откриени во САД.
Врвот на DDoS нападите во првиот квартал беше во средината на март, додека најмирен месец
беше јануари. Сабота е најинтензивниот ден во неделата во однос на DDoS нападите, а во недела –
најтивок.
Според анализите, пазарот на DDoS се менува. На местото на веб ресурсите затворени од страна на
властите за продажба на алатки и услуги за сајбер-напади, се појавуваат нови. Нападите стануваат
подолги и многу организации ги спроведуваат само основните контрамерки кои се недоволни.
Тешко е да се предвиди дали зголемувањето на DDoS нападите ќе продолжи, но сигурно е дека тие
ќе станат посложени. Лабораторијата Kaspersky ги советува организациите да се подготват за
одбивање на DDoS напади со зголемена комплексност.