Бруклин Бекам е вљубен до уши!

од Vlatko K
146 прегледи

Бруклин Бекам и Хана Крос се една од најубавите млади ѕвездени двојки. Каде и да оди, Бруклин е
секогаш придружуван од својата 22-годишна девојка.


Двајцата го направија своето деби на црвениот тепих, кога присуствуваа на премиерата на „Си беше
еднаш во … Холивуд“ на Канскиот филмски фестивал, каде се веќе неколку дена.

Колку се заљубени, видливо е од далечина. Тие не престанаа да се смеат, гушкаат и бакнуваат пред
фотографите.

„За првпат го посетувам Кан. Си поминувам одлично“, сподели Бруклин на своите следбеници во
Инстаграм.

До Хана, тој се чувствува „како најголемиот среќник во светот“, како што рече во февруари, на
Денот на вљубените.